Линде: Благодарност до Северна Македонија за поддршката за членство на Шведска во НАТО
- Поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Ан Линде денеска во Скопје изрази благодарност до Северна Македонија за поддршката на напорите на Шведска за членство во НАТО.
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Ан Линде денеска во Скопје изрази благодарност до Северна Македонија за поддршката на напорите на Шведска за членство во НАТО.
- Особено е важна оваа поддршка од сите 28 земји, вклучително и од Северна Македонија. Без двоумење заземавте позиција против Русија и стопроцентно се усогласивте со одлуките и надворешната безбедноста политика на унијата, нагласи Линде, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија..
Поздравувајќи го неодамнешниот стар на преговорите за членство на земјава во ЕУ, Линде, порача дека не е добро за ЕУ тоа што не ги започна преговорите порано, но сепак е добро што конечно тоа се случи.
- Шведска ќе претседава со ЕУ од јануари 2023 година и Владата и опозицијата се силно посветени на поддршка на Северна Македонија за нејзино полноправно членство во ЕУ, порача Линде, нагласувајќи дека на овој пат не очекува многу работа, но дека вреди да се направи тоа. мс/аа/