• недела, 30 јуни 2024

Линделоф: Сум играл со многу добри фудбалери, но Златан е Златан

Линделоф: Сум играл со многу добри фудбалери, но Златан е Златан
Манчестер, 16 мај 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф, го прогласи шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ за бр.1 меѓу играчите со кои играл во ист тим. - Играв со многу добри играчи, но ако морам да изберам еден, тоа е несомнено Златан. Тој е извонреден играч. Ние сме заедно во шведската репрезентација, а потоа и во Манчестер Јунајтед. Златан е бр.1", рече Линделоф. Ибрахимовиќ играше за Манчестер Јунајтед помеѓу 2016 и 2018 година, постигнувајќи 29 голови на 53 натпревари. Освои и три трофеи - англискиот Супер куп, Лига купот и Лигата на Европа.

Тагови

Остани поврзан