Ликовни уметници твореа во манастирскиот комплекс во Неготино
- Ликовни уметници твореа во манастирскиот комплекс во Неготино, во рамките на настанот именуван ,,Македонски ликовен хепениг", поддржан од Министерството за култура и туризам, а во организација на Националната установа Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев" од овој град.
Неготино, 15 октомври 2025 (МИА) - Ликовни уметници твореа во манастирскиот комплекс во Неготино, во рамките на настанот именуван ,,Македонски ликовен хепениг", поддржан од Министерството за култура и туризам, а во организација на Националната установа Центар за култура ,,Ацо Ѓорчев" од овој град.

- Во манастирскиот комплекс ,,Св. Ѓорѓи", насликани беа прекрасни дела во една извонредна атмосфера. Твореа реномирани уметници, кои долго време се бават со уметност и имаат зад себе оставено врвни дела. Со ова уште еднаш се докажува долгогодишната соработка помеѓу уметниците од Неготино и Кавадарци, рече Виолета Стојановска, директорка на Центарот за култура.
Создадените дела ќе бидат претставени на претстојната изложба, во фоајето на Центарот за култура во Неготино. свд/
Фото : Центар за култура Неготино