• сабота, 13 јули 2024

Лизо со акт ги потсети обожавателите да гласаат

Лизо со акт ги потсети обожавателите да гласаат
Лос Анџелес, 4 ноември 2020 (МИА) - Американската пејачка Лизо со разголена фотографија од себеси ги потсети своите обожаватели од САД да гласаат на претседателските избори. На уметничката слика, Афроамериканката која за многумина претставува икона и пример за самопочитта и самоувереноста кај полничките жени, е полупокриена само со американското знаме. „Кога мислам на оваа земја, не мислам на нејзините закони, мислам на нејзините луѓе. Мислам на тоа како сме воспитани за да бидеме патриоти во однос на насилството, пропаганда и војна. Размислувам за тоа како оваа земја е во сопственост на угнетувачот и како угнетените се заглавени во долината на капитализмот. Но, мислам и на младите луѓе кои одбиваат да бидат потхранувани со невистини. Мислам и на повозрасните кои ги оттурнаа предрасудите полни омраза, дури и кога тоа се чинеше невозможно... Поради вас, јас сè уште се надевам“, напиша Лизо во придружниот коментар.  си/

Остани поврзан