• понеделник, 15 јули 2024

Лидс го купи Родриго за рекордна сума за клубот

Лидс го купи Родриго за рекордна сума за клубот
Лидс, 29 август 2020 (МИА) – Новиот премиерлигаш Лидс објави купување на напаѓачот Родриго од Валенсија. Овој трансфер е рекорден во историјата на клубот, според веб-страницата на Лидс. Дваесет и деветгодишниот Шпанец потпиша договор со англискиот клуб до 2024 година. Според британските медиуми, зделката „тежи“ 30 милиони евра. Во сезоната 2019/20, 29-годишниот Родриго одигра 34 натпревари за Валенсија, постигнувајќи седум гола и 11 асистенции. зс/  

Остани поврзан