• четврток, 11 јули 2024

Лидерот ФК „Брегалница“ Делчево со победа го започна пролетниот дел во Третата фудбалска лига - Исток

Лидерот ФК „Брегалница“ Делчево со победа го започна пролетниот дел во Третата фудбалска лига - Исток
Делчево, 14 март 2021 (МИА) - Фудбалскиот клуб „Брегалница“ Делчево која е лидер во источната конкуренција во Третата фудбалска лига,со победа го започна пролетниот дел од сезоната во ова натпреварување. Во возбудлив и тврд натпревар во Делчево совладана е екипата на ФК „Карбинци“ со 2:1. За Стефан Филиповски, фудбалер на домашната екипа победата е мошне значајна, бидејќи делчевци недоволно подготвени го започнале пролетниот дел од сезоната. - Игравме против добро подготвена екипа, која веќе тренира два месеци за разлика од нас, која недоволно подготвено го дочека почетокот на сезоната. Почнавме подоцна и не сме доволно спремни, за почетокот на првенството сме подготвени н ода ја задржиме првата позиција мора уште многу да работиме, рече ФИлиповски. Во следното коло делчевци на домашен терен ја пречекуваат екипата на Василево. - Среќна околност е што следната недела повторно играме дома со екипа која ја совладавме на гости. Очекуваме победа и по натпреварот на домашен терен, додаде Филиповски. Со новата победа делчевска Брегалница останува на првата позиција на табелата со 31 бод од 13 натпревари. вс/зс/

Остани поврзан