• недела, 22 декември 2024

Лидерот на суданската војска ги обвини ривалските паравоени РСФ за воени злосторства

Лидерот на суданската војска ги обвини ривалските паравоени РСФ за воени злосторства

Картум, 15 август 2023 (МИА) – Командантот на суданската армија, генерал Абдел Фатах Бурхан, во еден од ретките телевизиски говор, ги обвини ривалските паравоени сили за воени злосторства, додека оваа североисточна африканска земја се соочува со опасноста од сеопшта граѓанска војна. 

Во говорот емитуван на суданската телевизија, генералот Бурхан ги обвини Силите за брза поддршка (РСФ) и нивниот водач Мохамед Хамдана Дагала за извршени злосторства под „лажни ветувања за враќање на демократијата“, јавија американските медиуми.

Африканската земја од средината на април е фрлена во целосен хаос, кога неколкумесечните тензии меѓу армијата, предводена од генералот Бурхан, и РСФ, под команда на Дагало, експлодираа во отворени борби. 

Во текот на јули организацијата за човекови права Амнести интернешенел ги обвини двете страни за извршување на големи воени злосторства, вклучително и намерно убивање цивили и масовни насилства. Во својот извештај од 56 страници, АИ наведе дека за речиси сите случаи на силувања во хаосот во Судан виновни се РСФ и нејзините сојузнички арапски милиции. сд/

фото:Скриншот  

Остани поврзан