• сабота, 16 ноември 2024

Лидерот на мнозинството во американскиот Сенат го повика Израел да направи „значајни корекции на курсот“

Лидерот на мнозинството во американскиот Сенат го повика Израел да направи „значајни корекции на курсот“

Вашингтон, 14 март 2024 (МИА) - Израел мора да направи „значајни корекции на курсот“ за да постигне мир со Палестинците, изјави денеска лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер. 

-По пет месеци страдање на двете страни од овој конфликт, нашето размислување мора итно да се сврти кон тоа како можеме да постигнеме траен мир и да обезбедиме просперитет и безбедност и на еврејскиот и на палестинскиот народ на Блискиот Исток. Верувам дека за да се постигне тој траен мир, Израел мора да направи некои значајни корекции на курсот, рече демократот од Сенатот за решението со две држави за Израел и Палестина.

Тој повика да се направи се што е можно во текот на преговорите за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Шумер изјави дека она што го направи Хамас на 7 октомври минатата година е незамисливо брутално, додавајќи дека повеќе од 130 заложници се уште се држат во Газа.

Тој исто така изјави дека е грешка што Израел го отфрли решението за две држави.

-Како цврст бранител на Израел, денес се кревам да кажам недвосмислено дека ова е тешка грешка за Израел, за Палестинците, за регионот и за светот. Единственото реално и одржливо решение за овој повеќедецениски конфликт е две држави, демилитаризирана палестинска држава, која живее рамо до рамо со Израел во еднакви мерки на мир, безбедност, просперитет, достоинство и меѓусебно признавање, рече тој.

Тој додаде дека реалноста е дека работите мора да се променат за да се постигне решение за две држави.

Според него, на тој пат има четири главни пречки и тоа: „Хамас и Палестинците кои ги поддржуваат и толерираат нивните зли начини, радикалните десничарски Израелци во владата и општеството, претседателот на палестинската управа Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“. мс/

Остани поврзан