• недела, 22 декември 2024

Лидерот на екстремистите осуден на 18 години затвор за нападот врз Капитол

Лидерот на екстремистите осуден на 18 години затвор за нападот врз Капитол

Вашингтон, 25 мај 2023 (МИА) - Основачот на екстремно десничарската „Чувари на заклетвата“, Стјуарт Роудс, денеска беше осуден на 18 години затвор за неговото учество во нападот на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Во ноември, поротата во Вашингтон ги осуди Роудс (57) и Кели Магс (53), лидер на Чуварите на заклетвата на Флорида врз основа на обвинение за бунтовнички заговор.

Роудс потоа беше прогласен за виновен за организирање повеќенеделен заговор што кулминираше со упадот на неговите следбеници во Капитол, обидувајќи се да го спречат прогласувањето на победата на Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Роудс, поранешен војник и дипломец од Правниот факултет на Јеил, е првото лице обвинето и последователно осудено за бунтовнички заговор во врска со настаните од 6 јануари 2021 година.

Казната на Роудс е најдолга досега во стотиците случаи што беа процесуирани поради упадот во Капитол.

Повеќе од 1.000 поддржувачи на Трамп се уапсени поради нивната улога во нападот врз Конгресот.  зш/

Остани поврзан