Лидерот на демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го повика Бајден да ги помилува и „Американците од работничката класа“
- Лидерот на демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Хаким Џефрис, го повика претседателот на САД, Џозеф Бајден, да помилува некои „Американци од работничката класа“, откако Бајден е под зголемени критики поради помилувањето на синот Хантер Бајден.
Вашингтон, 4 декември 2024 (МИА) - Лидерот на демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Хаким Џефрис, го повика претседателот на САД, Џозеф Бајден, да помилува некои „Американци од работничката класа“, откако Бајден е под зголемени критики поради помилувањето на синот Хантер Бајден.
„Во текот на неговите последни недели на функцијата, претседателот Бајден треба да продолжи постојано да го покажува високото ниво на сочувство што го покажа во текот на неговиот живот, вклучително и кон неговиот син, и да ги помилува Американците од работничката класа од случај до случај во сојузниот затвоирски систем чии животи се уништени со неправедно агресивно гонење за ненасилни злосторства“, се вели во изјавата на Џефрис.
Бајден, кој ја напушта функцијата на 20 јануари, пред месеци изјави дека нема да го помилува својот син, кој беше прогласен за виновен затоа што лажно изјавил дека не бил зависник од нелегални дроги додека купувал пиштоли и кој се изјаснил за виновен за обвиненијата за кривично дело затајување 1,4 милиони долари даноци. зш/