• недела, 22 декември 2024

Лидерите на политичките групи во ЕП на 18 јули ќе гласаат за вториот мандат на Фон дер Лајен на чело на ЕК

Лидерите на политичките групи во ЕП на 18 јули ќе гласаат за вториот мандат на  Фон дер Лајен на чело на ЕК

Стразбур, 11 јули 2024 (МИА) - Европскиот парламент (ЕП) на 18 јули ќе гласа за кандидатурата за вториот мандат на актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше одлучено денеска на состанокот на Конференцијата на претседателите, која се состои од претседател на парламентот и лидерите на политичките групи во ЕП.

Политико пренесува дека гласањето за иднината на Фон дер Лајен како претседател на Комисијата е закажано за 18 јули во 13 часот, а резултатите од гласањето ќе бидат објавени околу 14 часот и 45 минути. Според агендата на ЕП за сесијата следната недела во Стразбур, Фон дер Лајен најпрвин ќе зборува во 9 часот, а потоа ќе се одржи дебата која ќе трае до 11 часот.

На Фон дер Лајен и е потребна поддршката од најмалку 361 од вкупно 720-те европратеници за да обезбеди втор мандат. Гласањето во Европскиот парламент за претседател на Комисијата е тајно.

Доколку актуелната претседателка на Комисијата не добие поддршка од 361 пратеник, лидерите на ЕУ во рок од еден месец би требало да предложат друг кандидат за таа функција.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан