• сабота, 07 февруари 2026

Лидерите на неколку земји доаѓаат во Бугарија во октомври да разговараат за регионалното поврзување

Лидерите на неколку земји доаѓаат во Бугарија во октомври да разговараат за регионалното поврзување

Софија, 22 август 2023 (МИА) - Бугарскиот премиер Николај Денков на 9 октомври годинава ќе ги пречека премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Романија, Јон-Марчел Чолаку, соопштија од прес-службата на Советот на министри.

Поканети се и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателката на Молдавија, Маја Санду. Средбата беше договорена за време на еднодневната посета на Денков во Атина, јави БТА.

Главна тема на разговорите кај Варна ќе биде регионалното поврзување и поконкретно проектот за коридор од Солун преку Кавала, Александрополис, Бургас и Варна до Констанца, со можност за продолжување до Молдавија.

Идејата е да се изгради модерна транспортна, комуникациска и енергетска инфраструктура долж трасата, која ќе ги активира економските и политичките односи меѓу вклучените земји. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан