Лидерите на Конгресот се евакуираат од Капитол
- Лидерите на Конгресот се евакуираат од комплексот Капитол и ќе бидат придружувани од полицијата до блиската воена база Мекнер во Вашингтон, јави Си-Ен-Ен
Вашингтон, 6 јануари 2021 (МИА) - Лидерите на Конгресот се евакуираат од комплексот Капитол и ќе бидат придружувани од полицијата до блиската воена база Мекнер во Вашингтон, јави Си-Ен-Ен.
Претставник на федералната полиција за Си-Ен-Ен изјави дека евакуацијата е во тек.
Полицијата ги отстранува демонстрантите од зградата на Конгресот, каде веќе пристигна полицијата на Мериленд, а се очекува да пристигне и Националната гарда.
Уапсени се најмалку 13 лица.
Во 18 часот по локално време стапува во сила полицискиот час во Вашингтон. Секој што ќе биде на улица ќе биде уапсен. ми/