• недела, 22 декември 2024

Лигата на Европа ќе заврши со мини турнир во Германија

Лигата на Европа ќе заврши со мини турнир во Германија
Франкфурт, 9 јуни 2020 (МИА) - Турнирот во Лигата на Европа би можел да биде продолжен во август со мини-турнир во Франкфурт, според германскиот дневен весник „Зидојче Цајтунг“. Според информациите, градската администрација доставила документи до УЕФА, со кои ја прогласува својата желба да го прифати остатокот од натпреварувањето. Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на извршниот комитет на централата, закажан за 17-ти и 18-ти јуни. Ќе се разгледаат и апликациите за домаќин на Лигата на шампионите, за коj се пријавi и Франкфурт, но според „Билд“, завршницата на овој турнир ќе се одржи во Лисабон.

Остани поврзан