Ливерпул се договори со Унгарецот Керкез
- Англискиот шампион Ливерпул постигна договор со унгарскиот репрезентативец Милош Керкез (21) и до официјализирање на трансферот преостанува да се договори со премиерлигашот Борнмут околу висината на обесштетувањето, објавија денеска британските медиуми.
Ливерпул, 29 мај 2025 (МИА) – Англискиот шампион Ливерпул постигна договор со унгарскиот репрезентативец Милош Керкез (21) и до официјализирање на трансферот преостанува да се договори со премиерлигашот Борнмут околу висината на обесштетувањето, објавија денеска британските медиуми.
Керкез пристигна во Борнмут во летото 2023 година од холандскиот АЗ Алкмар во трансфер вреден 18 милиони евра.
Унгарскиот лев бек изминатата сезона постигна два гола и додаде шест асистенции во дресот на Борнмут.
Англиските медиуми наведуваат дека Ливерпул, исто така, го затвори прашањето околу позицијата десен дефанзивец и според истите извори, на местото на Трент Александар-Арнолд, кој заминува во Реал Мадрид, на „Енфилд“ од Баер Леверкузен ќе пристигне холандскиот репрезентативец Џереми Фримпонг. ег
ФОТО: ЕПА