• петок, 05 декември 2025

Ливерпул повторно ќе разговара со Ајнтрахт за трансферот на Екитике

Ливерпул повторно ќе разговара со Ајнтрахт за трансферот на Екитике

Ливерпул, 20 јули 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ајнтрахт, Југо Екитике, е блиску до приклучување кон Ливерпул.

Според новинарот Фабрицио Романо, страните денес повторно разговараат за трансферот на 23-годишниот Французин. 

Фудбалерот јасно му ставил до знаење на германскиот клуб дека сака да ја продолжи кариерата во Ливерпул и е подготвен да потпише шестгодишен договор со премиерлигашот.

Екитике одигра 48 натпревари минатата сезона, постигнувајќи 22 гола и 12 асистенции. 

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 75 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан