• сабота, 27 јули 2024

Ливерпул му понудил на Реал 100 милиони евра за Валверде

Ливерпул му понудил на Реал 100 милиони евра за Валверде
Мадрид, 14 септември 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, можеше да ја продолжи кариерата во Англија. Според шпанскиот спортски весник „Ас“ Ливерпул претендирал за потписот на 24-годишниот Уругваец. Се известува дека англискиот клуб во последните денови од летниот преоден рок понудил 100 милиони евра за играчот од средниот ред. Валверде минатата сезона забележа 46 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи гол и две асистенции. Во тековната сезона фудбалерот од средниот ред на седум натпревари постигна два гола и беше креатор на две асистенции. зс/

Остани поврзан