• недела, 22 декември 2024

Ливерпул го продава Салах

Ливерпул го продава Салах
Ливерпул, 25 јуни 2022 (МИА) - Премиерлигашот Ливерпул е подготвен да го продаде својот напаѓач Мохамед Салах, откако пропаднаа преговорите за продолжување на соработката, објавија денеска повеќе британски медиуми. Египетскиот репрезентативец, наводно, барал неделна плата од 442.000 евра, што е за 186.000 евра повеќе од сумата, која за една седмица ја заработува најплатениот играч во Ливерпул, Холанѓанецот Вирџил ван Дајк. Според медиумите, раководството на Ливерпул отфрла каква и да е можност за исполнување на барањето на Салах и е подготвено да му дозволи на египетскиот напаѓач да замине од „Енфилд Роуд“ за сума од 70 милиони евра. За еден од најдобрите светски фудбалери интерес покажува европскиот првак Реал Мадрид. ег/ми/

Остани поврзан