Либан: План за разоружување на „Хезболах“ постоеше и пред американската иницијатива
- Либанскиот министер за правда Адел Насар изјави дека владата работела на план за разоружување на „Хезболах“ уште пред неодамнешната иницијатива на САД, пренесуваат локални медиуми.
Бејрут, 15 август 2025 (МИА) - Либанскиот министер за правда Адел Насар изјави дека владата работела на план за разоружување на „Хезболах“ уште пред неодамнешната иницијатива на САД, пренесуваат локални медиуми.
Тој истакна дека секое оружје надвор од државните институции е противуставно и незаконско, нарекувајќи го тоа „правен факт, а не мислење“.
Во одговор на тврдењето на „Хезболах“ дека предавањето оружје е „самоубиство“, Насар рече дека вистинското самоубиство се еднострани одлуки што предизвикуваат смртоносни конфликти.
Министерот нагласи дека државата е единствениот гарант за сите граѓани и дека политичките партнери треба да ја градат државата, а не да ја блокираат. ссм/
фото: архива