• вторник, 26 ноември 2024

Либан: Најмалку 21 лице загина во израелски напад на северот од земјата

Либан: Најмалку 21 лице загина во израелски напад на северот од земјата

Бејрут, 15 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 21 лице загина, а осуммина се повредени во израелски воздушен напад на северот од Либан, соопшти либанското Министерство за здравство. Нападот, кој вчера погоди станбена зграда во Аито, претежно христијанско населено место, беше изведен далеку од областите каде израелската армија извршуваше илјадници напади врз вооружената шиитска исламистичка група Хезболах, пренесува Би-Би-Си.

Жителите соопштија дека таму живеело семејство кое неодамна било раселено поради војната. Либанската телевизија Ал Мајадин на платформата Икс објави дека ова е втор пат израелските сили да го напаѓаат северот на земјата.

Нападот што погоди мала станбена зграда во селото Аито, округот Згарта, е изведен во еден од најсеверните региони од моментот кога Израел ја изврши инвазијата на Либан претходно овој месец. Либанската милитантна група Хезболах претежно е присутна на југот на земјата и јужните предградија на Бејрут. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан