• петок, 22 ноември 2024

Либанскиот премиер Микати свика итна седница на Владата поради израелските напади

Либанскиот премиер Микати свика итна седница на Владата поради израелските напади

Бејрут, 25 август 2024 (МИА) - Вршителот на должноста премиер на Либан, Наџиб Микати свика итна седница на Владата на која ќе се разговара за серијата израелски воздушни напади изутрината во јужен Либан.

Израелската војска рано утринава изврши повеќе од 40 воздушни напади врз јужен Либан, како што рече, обидувајќи се да го спречи широкиот напад на групата Хезболах врз Израел, пишува „Гардијан“.

Во нападите загинаа три лица, а четворица се полесно повредени, а либанската државна новинска агенција објави дека по израелските напади избувнале пожари. Израелските власти рекоа дека превентивните напади на Израел спречија напади врз централен Израел.

Хезболах рече дека превентивните напади на Израел не влијаеле на неговиот напад и дека сите беспилотни летала биле лансирани „како што е планирано“.

Либанската група соопшти дека нападнала 11 воени бази во северниот дел на Израел и лансирала повеќе од 320 ракети во „првата фаза“ од нападот, што според неа, е одмазда за убиството на еден од командантите на Хезболах, Фуад Шукра во Бејрут минатиот месец. Хезболах го обвини Израел за нападот. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан