• недела, 13 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Либанската армија за првпат влезе во базите на Хезболах северно од реката Литани, јавија локланите медиуми

Либанската армија за првпат влезе во базите на Хезболах северно од реката Литани, јавија локланите медиуми

Бејрут, 11 април 2025 (МИА) – За прв пат во историјата, либанската армија влезе во базите на либанската милитантна група Хезболах северно од реката Литани и речиси заврши со демонтирање на инфраструктурата на групата на југот на Либан, јави либанската телевизија Ал Џадид.

Хезболах досега никогаш не ги предал базите на либанската армија северно од реката Литани.

Телевизијата соопшти дека либанската влада ќе постигне договор со Хезболах во врска со постепено разоружување на групата.

Претставникот на Хезболах, Хасан Фадлала денеска изјави дека групата е подготвена да влезе во преговори со либанската влада за националната одбранбена стратегија, со фокус на обезбедување на отстранување на израелските војници од либанска територија.

Судирите меѓу Израел и Хезболах завршија со прекин на огнот во ноември 2024 година, што резултираше со повлекување на израелските трупи, освен од пет клучни позиции во близина на границата.

Израел најави дека има намера да ги предаде тие позиции на либанските војници кога ќе биде сигурен дека безбедносната ситуација тоа го дозволува. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан