• петок, 05 декември 2025

Либанската армија го откри местото на ракетниот напад врз Израел

Либанската армија го откри местото на ракетниот напад врз Израел

Бејрут, 28 март 2025 (МИА) - Либанската армија соопшти дека го лоцирала местото во Јужен Либан од каде што утрово биле истрелани ракети кон територијата на Израел.

Во армиското соопштение се наведува дека се врши проверка за идентификација на лицата кои ги испукале ракетите.

„Откриена е ракетна лансирна рампа во регионот Каакаит ал Џиср“, се вели во соопштението. Ова место е северно од реката Литани, околу 30 километри од границата со Израел.

Според западни медиуми, ова е подрачје од кое, според претпоставките, борците на „Хезболах“ претходно се повлекле.

Либанската армија започна истрага за идентификување на одговорните за ракетниот напад. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан