• сабота, 23 ноември 2024

Ле Дријан: Руското нереагирање е исто што и одобрување

Ле Дријан: Руското нереагирање е исто што и одобрување
Париз, 26 мај 2021 (МИА)  - Шефот на француската дипломатија Жан-Ив ле Дријан денеска изјави дека  немањето реакција од страна на Москва за постапките на Белорусија, која пренасочи авион за да го уапси опозицискиот новинар Роман Проташевич, е одобрување. - Немање реакција од страна на Русија е исто како и одобрување на постапката, истакна Ле Дријан за телевизијата Франс 2. Акцијата на Минск предизвика критики од меѓународната заедница и ЕУ одлучи да го затвори својот воздушен простор за белоруските авиони. Додека на барање на Франција, Ирска и Естонија денеска С Советот за безбедност на Обединети нации ќе одржи итен неформален состанок за Белорусија. ми/  

Остани поврзан