• сабота, 13 декември 2025

Лејкерси ја забележаа седмата победа по ред и се искачија на второто место на Запад

Лејкерси ја забележаа седмата победа по ред и се искачија на второто место на Запад

Лос Анџелес, 1 декември 2025 (МИА) – Екипата на Лос Анџелес лејкерс, рано утрово го победи тимот на Њу Орлеанс пеликанс со 133:121.

За Лејкерс не настапи Леброн Џејмс, кој закрепнува од повреда на стапалото.

Калифорнијците ја остварија седмата победа по ред и се искачија на второто место во Западната конференција на НБА-лигата. Последниот пораз на Лејкерсите беше на 13 ноември, против Оклахома Сити.

Билансот на ЛА лејкерс е 15-4 (победи-порази). Лидер е шампионот Оклахома со ефект 20-1.

Во Источната конференција води Детроит пистонс со 16-4. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан