• петок, 02 јануари 2026

Брахим Дијаз во Реал до 2030

Брахим Дијаз во Реал до 2030


Мадрид, 1 јануари 2026 (МИА) – Реал Мадрид постигна договор за продолжување на соработката со фудбалерот од средниот ред Брахим Дијаз, јавија денеска шпанските медиуми.
Според истите извори, двете страни ќе договорат соработка до лето 2030 година.
Договорот вклучува мало зголемување на платата, бонуси и повеќе загарантирани минути за Дијаз на теренот.
Дваесетишестгодишниот Дијаз одигра 22 натпревари оваа сезона на кои постигна еден гол и додаде три асистенции.
Тековниот договор на Дијаз истекува во летото 2027 година.ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан