Леш од крава фрлен на патот кон струмичките Цареви Кули
- Струмичкото комунално претпријатие објави дека денеска на патот кон Цареви Кули, над градот, бил фрлен леш од крава, а по дојавата комуналците го подигнале лешот и го исчистиле местото.
Струмица, 27 август 2025 (МИА) - Струмичкото комунално претпријатие објави дека денеска на патот кон Цареви Кули, над градот, бил фрлен леш од крава, а по дојавата комуналците го подигнале лешот и го исчистиле местото.
-Секојдневно со граѓани и активисти работиме и се координираме како да ги исчистиме дивите депонии и го запреме нивното создавање, а некој од нашите граѓани на патот кон Цареви Кули оставил мртва, полураспадната крава. Местото под итно е исчистено, но ја прашуваме јавноста дали на овој начин се работи за да имаме почиста средина без депонии и отпад. И што треба да направиме за да се спречат ваквите појави, се наведува во објавата на фејсбук страницата на ЈПКД „Комуналец“.
Од комуналното претпријатие го пренесуваат своето разочарување, бидејќи и покрај сите акции за почиста средина и чистење на дивите депонии се и сешто се фрла на јавни површини и притоа се загадува животната средина.
Апелираат до граѓаните секој обид за загадување на животната средина да го пријавуваат кај нив или во инспекциите за да може навреме да се реагира и да се искорени навиката да се фрла се и сешто секаде.рт/вј/
Фото: ЈПКД „Комуналец“