• сабота, 09 ноември 2024

Лефков: СДСМ како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери, ДЗР утврдил во спроведувањето на јавните набавки

Лефков: СДСМ како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери, ДЗР утврдил во спроведувањето на јавните набавки

Скопје, 28 септември 2024

Почитувани,

СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери.

Фирми блиски до СДС свртеа милиони евра народни пари од ЕСМ преку РЕК до здравство каде жареше и палеше Венко Филипче.

Дражавниот ревизор при ревизија на буџетот за 2021 година, која е направена во 2023 година кај дел од постапките за јавни набавки утврдил недоследности во начинот на планирање, спроведување и реализација, поради што за дел од истите започнати се постапки пред надлежни органи.

Судството и обвинителството со 2% доверба очигледно е споро и не гледа тоа што целата јавност го гледа.

Треба да истражи и утврди како Венко Филипче има 5 стана во Скопје кои претходно не ги пријавувал во анкетен лист, луксузен џип, хациенда на семејството на Водно. Тоа е се имот кој треба да биде проверен како е стекнат.

Стотици милиони се одлеани на сомнителни тендери, а сомнителност и недоследности утврдува и ДЗР.

Институциите да не чекаат и да почнат да постапуваат.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан