• петок, 22 ноември 2024

Лефков: Пендаровски лажеше дека нема видено француски предлог, за потоа да каже дека тој го пишувал во Скопје

Лефков: Пендаровски лажеше дека нема видено француски предлог, за потоа да каже дека тој го пишувал во Скопје

19 март 2024 

Почитувани,


Стево Пендаровски лажеше дека нема видено Француски предлог, се одрекуваше и негираше, за само по неколку месеци да признае дека Францускиот предлог е всушност изработен од него.

Да го погледнеме видеото.

Стево Пендаровски е политичар без став.

Нема изјава која Пендаровски сам не си ја негирал.

Со Стево Пендаровски граѓаните не знаат на што се, ниту пак кога ја говори вистината.

Граѓаните уште не знаат дали Пендаровски нема видено Француски предлог или тој всушност го пишувал.

Пендаровски конфузниот и манипулаторот е политичар кој не мисли за Македонија, туку на својот личен рејтинг. Изјавите ги дава како е опортуно за неговиот личен рејтинг во одреден момент.

Едно е јасно, Пендаровски заедно со СДС се извор на сите проблеми кои Македонија ги имаше изминатите години. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Со почит,

Прес-конференција на Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан