• недела, 22 декември 2024

Летовите во Њујорк привремено прекинати поради земјотресот

Летовите во Њујорк привремено прекинати поради земјотресот

Њујорк, 5 април 2024 (МИА) - Летовите на аеродромите во Њујорк привремено беа прекинати откако најголемиот град на американскиот континент денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,8 степени, објавија локалните медиуми.

Претходно, Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Летовите беа кратко прекинати на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“, пред да продолжат, додека пристигнувањата на аеродромот „Њуарк либерти“ беа дозволени постојано, соопшти сојузната управа за авијација, пренесува Си-Ен-Ен.

Земјотресот бил почувствуван и во неколку други сојузни држави, вклучувајќи ги Мејн, Конектикат, Њу Хемпшир и Њу Џерси.

По земјотресот накратко беше прекината и седницата на Советот за безбедност во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Претходно, Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан