• петок, 22 ноември 2024

Летибиотис: Нападот врз членовите на WCK во Газа нема да влијае врз хуманитарниот поморски коридор од Кипар

Летибиотис: Нападот врз членовите на WCK во Газа нема да влијае врз хуманитарниот поморски коридор од Кипар

Никозија, 2 април 2024 (МИА) – Убиството во Газа на седуммина членови на тимот на невладината организација „Светска централна кујна“ („World Central Kitchen“ WCK) што беше дел од двете хуманитарни пратки од Кипар за Газа, според портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис, нема да влијае на иницијативата „Амалтиа“ за поморскиот коридор за помош, но истакна дека „мора да се земат предвид сите безбедносни услови“, јави дописничката на МИА од Атина.

Летибиотис посочи дека и од почит кон жртвите, но и за да може подобро да се процени ситуацијата, потребно е одново да се направи координација, „но иницијативата продолжува“, потенцирајќи дека токму поради поморскиот хуманитарен помош во посета на Кипар денеска е претседателката на Европскиот парламент.

Паралелно рече дека „инцидентот во кој животот го загубија седум вработени кои пружаа хуманитарна помош за цивилите во Газа мора да биде осуден од целата меѓународна заедница“.

-Ја изразувам нашата тага и шок за неправедната загуба на вработените во „World Central Kitchen“ кои беа во регионот во рамките на мисијата за пружање хуманитарна помош. Во исто време е апсолутно за осуда и спротивно на меѓународното хуманитарно право, смртта на цивилното население, особено на работниците кои се таму за да ја обезбедат потребната хуманитарна помош на цивилното население во Газа, рече Летибиотис.

Додаде дека околностите под кои загинаа членовите на невладината организација се истражуваат, а кипарската Влада е во контакт, како со WCK, така и со меѓународните партнери.

Во однос на тоа дали ќе има демарш до Израел, владиниот портпарол рече дека треба да се почека целосно да се истражат околностите под кои се случи овој инцидент. ср/

Остани поврзан