• четврток, 11 јули 2024

Лестер го потврди трансферот на Фофана

Лестер го потврди трансферот на Фофана
Лечестер, 2 октомври 2020 (МИА) – Премиерлигашот Лестер потврди дека го купи дефанзивецот на Сент Етиен, Весли Фофана. Во изјавата на официјалната веб-страница на „Лисиците“ се соопштува дека 19-годишниот Французин потпиша 5-годишен договор со клубот. Висината на зделката не е обелоденета. Според „Sky Sports“, Лестер платил околу 30 милиони фунти за играчот. Оваа сезона, Фофана успеа да одигра четири натпревари во францускиот шампионат. Минатата сезона тој одигра 24 натпревари на сите турнири и постигна два гола. зс/

Остани поврзан