• понеделник, 23 декември 2024

Лесор играч на колото во кошаркарската Евролига

Лесор играч на колото во кошаркарската Евролига

 

Минхен, 2 март 2024 (МИА) – Кошаркарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) во рамки на 27. коло во кошаркарската Евролига.

Лесор го предводеше грчкиот тим до победа на гостински терен над Реал Мадрид 97-86 со 26 поени, седум скокови, четири асистенции, две украдени топки и една блокада, кои севкупно му донесоа индекс на корисност од 33 поени.

За францускиот кошаркар ова е трета МВП награда оваа сезона во Евролигата.

Втор највисок индекс на корисност, од по 32 поени, имаа кошаркарите на Партизан, Алекса Аврамовиќ и на Барселона, Јан Весели. ег ФОТО: Икс

 

Остани поврзан