• петок, 05 декември 2025

Ленард со 39 поени ги предводеше Клиперс до победата над Денвер

Ленард со 39 поени ги предводеше Клиперс до победата над Денвер

Денвер, 22 април 2025 (МИА) - Лос Анџелес клиперс рано утрово славеше победа со 105:102 над Денвер нагетс на гостински терен во вториот натпревар од осминафиналето на НБА плејофот.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Каваи Ленард, кој постигна 39 поени. 

Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ имаше трипл-дабл со 26 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Клиперси израмнија на 1:1 во серијата прв до четири победи.

Следниот натпревар ќе се одржи во Лос Анџелес на 25 април.

Претходно во текот на ноќта, Детроит пистонс исто така на гостински терен го победи Њујорк никс со 100:94 (1:1 во серијата). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан