• понеделник, 13 мај 2024

Леклер пропушти 12 пол-позиции по ред и е на прагот да го повтори Ф1 рекордот поставен пред 41 година

Леклер пропушти 12 пол-позиции по ред и е на прагот да го повтори Ф1 рекордот поставен пред 41 година

Лас Вегас, 20 ноември 2023 (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер е блиску до повторување на Формула 1 рекордот.

Леклер викендот го освои второто место на Гран При во Лас Вегас, откако стартуваше од пол-позицијата.

Пилотот на Ферари не победи на 12-та трка по ред која ја почнува од пол-позиција.

Последен пат Моначанецот победи од пол-позицијата во 2022 година на трката за Големата награда на Австралија.

Уште една пол-позиција без победа ќе му овозможи на Леклер да го израмни рекордот во Ф1 поставен од Рене Арну помеѓу 1979 и 1982 година.

Вкупно, Леклер има 23 пол-позиции и пет победи (од нив четири од пол-позицијата). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан