• сабота, 21 декември 2024

Леклер на пол-позиција во Баку

Леклер на пол-позиција во Баку

Баку, 14 септември 2024 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Лелер утрешната трка за ГН на Азербејџан ќе ја започне од пол-позицијата. Тој го постави најбрзиот круг со 1:41.365 минути.

Пилотот од Монако го престигна Австралиецот Оскар Пјастри со Мекларен, кој заостана 0,3 секунди зад лидерот на улиците на Баку.

Другиот возач на Ферари - Шпанецот Карлос Саинц - заврши трет, со 0,440 секунди зад Леклер.

Мексиканскиот пилот на Ред Бул, Серхио Перез е четврти, а светскиот шампион Макс Верстапен (Холандија, Ред Бул) на утрешниот старт ќе стартува само од шестата позиција. Меѓу нив е британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел, кој ќе стартува петти од третиот ред.

Новиот возач на Вилијамс, Франко Колапинто, ќе стартува деветти и стана првиот Аргентинец кој стартувал во Топ 10 по трката во Бразил во 1982 година.

Еден од фаворитите за титулата во Формула 1 оваа сезона - Британецот Ландо Норис од Мекларен, отпадна по првата фаза од квалификациите и утре ќе стартува од 17-тата позиција. Тој не ја намали брзината откако беше подигнато жолто знаме. дс

Фото: Архива

Остани поврзан