Лев сака да го врати Милер во репрезентацијата на Германија за Евро 2020
- Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер може да се врати во германската репрезентација.

Берлин, 11 мај 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер може да се врати во германската репрезентација.
Според „Билд“ селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев е заинтересиран за враќање на 31-годишниот играч. Тренерот веќе го повикал Милер и му кажал за неговите планови.
Во март 2019 година, Лев објави дека повеќе нема да ги повикува Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс.
Милер оваа сезона одигра 44 натпревари на сите натпреварувања, постигна 15 гола и направи 18 асистенции. зс/