• петок, 05 декември 2025

Левица со проекти за развој на Куманово

Левица со проекти за развој на Куманово

Куманово, 16 септември 2025 (МИА) - Левица ќе понуди ревитализација на институциите, однадвор и внатре, мораториум на градење во центарот на Куманово, проекти за заштита на животната средина, кажаа на денешната прес-конференција, пред поранешен „Пионерски дом“, кандидатот за градоначалник, Мирослав Петковиќ и носителот на листата, Виторио Зафировски.

- Целта ни е да направиме една ревитализација на градот, што значи, првин на институциите внатре, ревитализација на стари градби, ревитализација на паркови, ревитализација на урбани места, каде што ќе можат младите да собираат да се дружат. Јас нема да ви ветувам асфалт, бетон и бекатон, јас ветувам активен и урбан живот за граѓаните на Куманово, рече Петковиќ.

Од Левица велат дека ќе водат фер и конструктивна кампања, идеите ќе бидат споделувани на лични средби со граѓани, но и преку социјалните мрежи.

Донесување на Генерален урбанистички план, проекти за млади, за креативно изразување најави носителот на листата, Виторио Зафировски.

- Урбанизацијата ќе ни биде клучна точка. Ќе воведеме моратиурм за градење на згради во централното градско подрачје, ширење на градот кон населбите. Во сфера на интерес ни е изградба на социјални станови за социјално ранливите категории, жртви на семејно насилство, реставрација на постоечки споменици од НОБ, рече Зафировски.

Тој посочи дека на листата се поединци од различни сфери на општественото делување кои со свои идеи ќе придонесат за развој на Куманово. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан