• понеделник, 22 април 2024

Левица: Пример сме за финансиска транспарентност , очајни се обидите за дискредитација

Левица: Пример сме за финансиска транспарентност , очајни се обидите за дискредитација

26 март 2023 Државниот Завод за Ревизија, како единствена стручна институција во Македонија, по извршената ревизија врз финансиските извештаи за локалните избори од 2021 година, не констатира ниту една неправилност во финансирањето на политичката партија Левица.Дополнително, годишната завршна сметка заедно со Извештајот за донации на политичките партии секоја година се поднесува до Државниот завод за ревизија, Централен Регистар и УЈП. Без конкуренција, Левица е најтранспарентната парламентарна партија во секој поглед, ослободена од криминалните шеми на останатите политички субјекти - потврдено низ годините и под будното око на институциите. Невистините и обидите за дискредитирање се потполно неразумни и неефективни кога станува збор за единствената партија, која преку правичноста и борбата против криминалите се етаблира, како силен општествен фактор.

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан