• недела, 22 декември 2024

Левица: ДУП-от во Карпош ДПМНЕ го поддржа уште 2017 година

Левица: ДУП-от во Карпош ДПМНЕ го поддржа уште 2017 година

1 април 2023

На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош беше изгласaн Деталниот урбанистички план за блок ССЗ 01.10 кој се наоѓа во Злокуќани. Со ова се исправа неправдата која е нанесена на жителите во овој дел од општината, поголем дел Ромско население, поради тоа што со децении не е усвоен ДУП, а со самото тоа не може да управуваат со нивните имоти и да ги уживаат правата кои ги имаат останатите жители на Општина Карпош.Со овој план конечно ќе може да се легализираат куќите кои со децении се наоѓаат во ова населено место, а поради неможноста тоа да го направат досега, на жителите им се ускратени голем дел од правата. Дополнително, со нивната легализација ќе може голем дел од домаќинствата да се инкорпорираат во јавниот комунален систем и да добијат квалитетна услуга.Ова е еден од ретките ДУП-ови кои немаат елементи на бетонизација. Земајќи го во предвид ова како и придобивките за жителите на овој дел од Општина Карпош, за очекување беше истиот да го поддржат сите советнички групи. Изразуваме зачуденост од одлуката овој ДУП да не го поддржат советничката група на ДПМНЕ. Токму советничката група на оваа политичка партија во март 2017 година го изгласаа овој ДУП во оваа форма.Но нивниот јавен дискурс не треба и да биде изненадувачки. Нивната хистерична реакција е веќе видено во Советот на Општина Карпош. Особено е изразена откако нивниот лидер Христијан Мицкоски ги замрси односите со Стевчо Јакимовски, па наместо на потребите и интересите на жителите на Општина Карпош, предност даваат на интересите и потребите на нивниот лидер.Сакаме да напоменеме дека во овие политички игри ДПМНЕ ги вовлече и советничките од Независни кои без соодветно образложение гласаа против жителите на Злокуќани.Нападите кон локалниот огранок на Левица во Општина Карпош се за очекување и претставува прелсикување на политиката која ДПМНЕ ја води на централно ниво, па за секој нивни неуспех, за секое национално велепредавство криви се Левица, а не нивните функционери кои во Собранието на Република Македонија за многу штетни закони гласаа заедно со СДС и ДУИ.

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан