Левица: ВМРО-ДПМНЕ закажува тајни седници и на ден предвиден за средба со граѓани
- СООПШТЕНИЕ - Иако согласно Законот за Собрание, петоците се определени како денови за средба на пратениците со граѓаните од нивните изборни единици и иако на последната координација беше договорено во петок да нема седници – денес, мнозинството предводено од ДПМНЕ закажа седница и тоа од денес за денес, со известување (порака) три часа пред седницата!

Скопје, 17 јануари 2025
Иако согласно Законот за Собрание, петоците се определени како денови за средба на пратениците со граѓаните од нивните изборни единици и иако на последната координација беше договорено во петок да нема седници – денес, мнозинството предводено од ДПМНЕ закажа седница и тоа од денес за денес, со известување (порака) три часа пред седницата!
Ваквото хаотично работење на власта е единствено заради неспособноста на нивните министри, кои шест месеци доцнат со консолидација на законите - па 1.000 вработени во институциите не можат да ја земат декемвриската плата!
Пратениците од Левица веќе имаа закажано повеќе средби со граѓани и поради тоа мораа да изберат дали истите ќе ги одложат или, пак, нема да присуствуваат на непринципиелно и ненавремено закажаната седница.
Оваа пракса на ДПМНЕ е со единствена цел - да ги зголемат и ,,оправдаат” енормните суми за патни трошоци!
Бидејќи за оваа денешна седница навремено беше известено само владејачкото мнозинство, а не опозицијата – пратеникот од редовите на Левица, Сашко Јанчев, побара да се почитува Деловникот.
- Претседателот на Собранието, согласно Деловникот, одржува координација со сите координатори на пратеничките групи, а не само со оние од владејачкото мнозинство! Како вие знаете дека денес ќе има седница, а опозицијата не знае - праша Јанчев од Левица.
Пратениците од ДПМНЕ, видно револтирани од најавата на Левица за законските измени за ограничување на патните трошоци преку кои тие земаат и по дополнителни 14.000 евра годишно - почнаа бесот да го вадат со пцости и навреди во собраниската сала, по што пратеникот од Левица побара пауза.
ПП Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.