• понеделник, 03 март 2025

Левица: Владејачкото мнозинство да го прифати предлогот за крај на грабежот со патарините

Левица: Владејачкото мнозинство да го прифати предлогот за крај на грабежот со патарините

3 март 2025 

Македонските граѓани се жртви на државно спонзориран грабеж преку екстремно скапите патарини, кои никако не одговараат на катастрофалниот квалитет на патиштата!

Додека европските земји како Бугарија, Австрија и Швајцарија користат вињета систем што овозможува неограничено движење по прифатлива цена, во Македонија секој изминат километар е дополнителен удар врз џебот на народот!

Како стоиме во споредба со Европа?

🇧🇬 Бугарија: 7 дневна вињетка е 8€
🇦🇹 Австрија: 10 дневна вињетка е 9,90€
🇨🇭 Швајцарија: годишна вињетка е 42€
🇲🇰 Македонија: Табановце – Гевгелија (една насока) е над 6€

Колку тежат овие трошоци во споредба со платите?

- Швајцарија – просечна плата: 5.500€
- Австрија – просечна плата: 2.500€
- Бугарија – просечна плата: 1.000€
- Македонија – просечна плата: 700€

Ова значи дека додека еден Австриец за 10 дневна вињетка плаќа 0,4% од својата месечна плата, Македонецот за само една релација издвојува речиси 1% од својата плата, и тоа за руинирани автопати!

Потенцираме дека од позиција на власт, ќе воведеме вињета систем. Сметајќи дека актуелната власт не е спремна да го прифати тој предлог сега, пратеничката група на Левица во собранието предложи законски измени за:

- Намалување на цените на патарините за 50% и
- Законска регулација на висината и наплатата на патарините.

Време е владејачкото мнозинство ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ да се одважи во интерес на граѓаните и да го прифати овој предлог! 
Доста беше организираниот грабеж – народот плаќа, а не добива ништо!

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан