• вторник, 07 мај 2024

Левица: Бесплатен превоз за учениците од гоце Делчев, Издризово и Дрма

Левица: Бесплатен превоз за учениците од гоце Делчев, Издризово и Дрма

Родителите на учениците од Гоце Делчев, Идризово и Дрма кои учат во ОУ „Његош” бараат организиран превоз со комбе!

Ја известуваме јавноста дека советничката група на Левица во општина Гази Баба поднесе Барање за организиран бесплатен превоз за учениците од населените места: Гоце Делчев, Идризово и Дрма кои учат во ОУ „Његош”. По интервенција на градоначалникот Стефковски, барањето ниту не беше ставено на дневен ред, бидејќи, според него истото било незаконско! Дополнително, Стефковски со низа манипулации реагираше дека учениците од населените места Гоце Делчев и Дрма имаат бесплатен превоз, додека на учениците од Идризово не им следува бесплатен превоз затоа што местото не било оддалечено 2 километри од школото.

Јавно го прашуваме градоначалникот, по кој член и од кој закон е забрането општина Гази Баба да организира превоз за учениците од наведените населени места?! Законот никаде не ја ограничува можноста општината да го финансира овој превоз.
Законот за основно образование предвидува кога учениците имаат право, односно кога МОН има обврска да финансира превоз во член 73: „Ученикот има право на организиран или бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште.”

Тоа не значи дека на општината ѝ е забрането да организира превоз и за други ученици, односно член 158 предвидува дека општината може да ја дополни добиената блок дотација, односно наменска дотација за образование со средства од сопствени извори, освен за платите на вработените во училиштата.

Значи, не е точно дека не смее, туку јасно е дека градоначалникот Стефковски не сака да инвестира ни денар повеќе во образованието на учениците од општина Гази Баба отколку што се средствата добиени по основ на блок- дотации. Толку за тоа кој лаже, а кој ја кажува вистината! Дополнително, за населените места Гоце Делчев ,Идризово и Дрма барањето на Левица е да се организира превоз со комбе, како што е за учениците кои учат во населено место Огњанци. Моментално, учениците од населбите Гоце Делчев и Дрма само добиваат рефундација за автобуски карти, додека родителите од советничката група на Левица побараа и нивните деца да добијат организиран превоз со комбе.

Левица го повикува Стефковски да работи во интерес на граѓаните и на следната седница, кога повторно ќе го поднесеме истото барање, место да порачува манипулативни текстови, да организира бесплатен организиран превоз со комбе за децата од Гоце Делчев, Идризово и Дрма кои учат во ОУ „Његош”.

Левица

______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан