• петок, 12 јули 2024

Леброн Џејмс стана првиот играч во историјата на НБА кој достигна 39.000 поени

Леброн Џејмс стана првиот играч во историјата на НБА кој достигна 39.000 поени

Лос Анџелес, 22 ноември 2023 (МИА) - Ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој достигнал 39.000 поени во кариерата.

Џејмс ги постигна своите јубилејни поени во првата четвртина од натпреварот против Јута одигран денес.

Леброн на овој натпревар влезе со 38.995 поени на своето име. Средбата ја заврши со 17 поени и сега е на 39.012 поени.

Минатата сезона, на натпреварот во февруари против Оклахома, Џејмс го мина легендарниот центар Карим Абдул-Џабар (38.387 поени), кој долго време го држеше рекордот во лигата.

Триесет и осумгодишниот Џејмс ја игра својата 21-ва сезона во НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан