Леброн разговараше со Барак Обама. Поранешниот претседател на САД ги советуваше играчите да не ја бојкотираат Лигата
- Напаѓачот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс стапи во контакт со поранешниот американски претседател Барак Обама во врска со бојкотот во плеј-офот во НБА, пренесува „The Athletic“.

Орландо, 29 август 2020 (МИА) - Напаѓачот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс стапи во контакт со поранешниот американски претседател Барак Обама во врска со бојкотот во плеј-офот во НБА, пренесува „The Athletic“.
Разговорот со Обама се случи откако Лејкерс и Клиперс гласаа против понатамошно учество во плеј-офот.
Поранешниот шеф на Соединетите држави беше контактиран од Џејмс, претседателот на синдикатот на играчи Крис Пол и неколку други кошаркари по состанокот на синдикатот.
После тоа, НБА објави дека плејофот ќе продолжи денес, 29 август. зс/