• петок, 22 ноември 2024

Леброн потпиша договор со „Пепси“ по 17 години партнерство со „Кока-Кола“

Леброн потпиша договор со „Пепси“ по 17 години партнерство со „Кока-Кола“
Лос Анџелес, 18 март 2021 (МИА) – Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, во средата официјално потпиша партнерство со „PepsiCo“. Претходните 17 години, еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, беше заштитно лице на ривалскиот бренд „Coca-Cola“.  Договорот заврши во септември минатата година кога страните не успеаја да се договорат за продолжување на соработката. Џејмс активно ќе ја промовира новата линија на пијалакот планинска роса наречена „MTN DEW RISE“. Марката е еден од главните спонзори на НБА откако „Пепсико“ стана партнер во лигата во 2015 година. - Ми раскажаа за овој пијалак - секој ден ќе даде можност на секој од нас да се крене.  Тоа ми се допадна, изјави четирикратниот МВП на НБА-лигата. Џејмс ќе рекламира и други производи на „ПепсиКо“. зс/

Остани поврзан