• понеделник, 29 април 2024

Леброн: Не смееме да се опуштиме

Леброн: Не смееме да се опуштиме

Лос Анџелес, 7 мај 2023 (МИА) – Најголемата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, по убедливата победа (127:97) над Голден Стејт вориорс во треттио меч од плејоф серијата, ги предупреди соиграчите дека е невозможно да се опуштат со таков противник.

 

- Не опуштајте се. Не смееме да си дозволиме да се опуштиме играјќи против тим како Голден Стејт. Мора да бидеме сконцентрирани. Ако се опуштиме, тие можат да победат три меча по ред или да направат што било. Затоа треба да продолжиме вака, запомнете дека овој тим е многу опасен, изјави Џејмс.

 

Лос Анџелес лејкерс води со 2:1 во победи против Голден Стејт вориорс во серијата прв до четири. 

 

Четвртиот натпревар од четвртфиналето во НБА-плејофот ќе се игра повторно на теренот на Лејкерс ноќта меѓу понеделник и вторник (почеток 4 часот). зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан