Леброн за пензионирањето: Ќе се случи наскоро
- Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс наскоро ќе ја заврши кариерата.

Лос Анџелес, 18 февруари 2025 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс наскоро ќе ја заврши кариерата.
-Не останува уште многу време. Едноставно тоа е реалноста и треба да се прифати. Наскоро ќе ставам крај на мојата професионална кариера, изјави Џејмс за американските медиуми.
Во тековната сезона, 40-годишниот Леброн Џејмс одигра 48 натпревари во регуларниот шампионат на НБА, на кои имаше просек од 24,3 поени, 7,7 скока и 9 асистенции.
Големата НБА-ѕвезда во текот на својата богата кариера настапувано и за Кливленд кавалирс и Мајами хит. зс/
Фото: ЕПА