• понеделник, 13 мај 2024

Леао: Лигата на шампиони повредна од милионска плата во Саудиска Арабија

Леао: Лигата на шампиони повредна од милионска плата во Саудиска Арабија

Лисабон, 26 септември 2023 (МИА) – Фудбалерот на италијански Милан, Рафаел Леао, во изјава за португалските медиуми се осврна на резултатите на својот клуб и евентуалните богати понуди кои би пристигнале од Саудиска Арабија.

-Сигурен сум дека Милан наскоро ќе ја освои Лигата на шампиони. Млад сум, играч кој сака да освојува трофеи, а Лигата на шампиони е мојот сон, рече Леао.

Тој не ја исклучи можноста еден ден да се пресели во саудиското првенство, но посочи дека сега е среќен во Милан.

-Никогаш не вели никогаш, но јас сум во клуб кој многу добро ме прифати. Потпишав нов договор, а доколку планирав да заминам тоа немаше да го сторам. Сакам да направам големи работи во Милан, а кога тоа ќе го остварам тогаш би можел да заминам во таква лига. Во последно време сè се врти околу парите, но за мене Лигата на шампиони вреди повеќе отколку, на пример, плата од десет милиони евра, додаде Леао. ег/мс/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан