• среда, 15 мај 2024

Леао: Идол ми е Кристијано Роналдо

Леао: Идол ми е Кристијано Роналдо

Милано, 2 јануари 2023 (МИА) - Крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао е уверен дека може да го достигне нивото на врвните светски фудбалери.

- Мојот идол е Кристијано Роналдо. Дали сакам да бидам како него и Мбапе? Можам да го постигнам ова, но не сум себичен. Сакам да постигнувам голови, но ако можам да асистирам, го правам тоа. На ова ниво, сè се решава со бројки. Кога се во прашање Мбапе, Халанд и Меси, цифрите зборуваат сами за себе, изјави Леао за „АС“.

Напаѓачот истакна дека ќе стане ист како Роналдо или Мбапе кога ќе почне да се однесува исто како нив.

Оваа сезона фудбалерот одигра 20 натпревари, постигна четири гола и пет асистенции.

Роналдо е најдобар стрелец во 2023 година со 54 гола. Тој има два гола предност пред Килијан Мбапе и Хари Кејн кои постигнаа по 52.

Во тековната сезона Роналдо одигра 24 натпревари за Ал-Наср, постигнувајќи 23 гола и 11 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан